Дома Останати Кошарка Моќниот Јокиќ направи шоу: Србинот со 37 поени го потопи Детроит (Видео)

Моќниот Јокиќ направи шоу: Србинот со 37 поени го потопи Детроит (Видео)

Продолжува серијата на натпревари без одмор за Денвер, а после поразите од Феникс и Кливленд, Нагетс го победија Детроит со 134:121, со нова маестрална игра на Никола Јокиќ.

Јокиќ уште еднаш покажа дека е во МВП форма, а натпреварот го заврши со 37 поени, 8 асистенции и 9 скока. Српскиот центар доминираше на теренот и одигра клучна улога во моментите кога натпреварот се решаваше.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Покрај Јокиќ, најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мареј, кој постигна 34 поени, 5 скока и 5 асистенции, додека Мајкл Портер додаде 20 поени со одличен шут од 7/11.

Јокиќ погоди 11 од 17 шутеви од игра, а особено добар беше во шутот за три поени (четири од пет погодени шутеви), додека од линијата на слободни фрлања погоди 11 од 14 шутеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонските кошаркарки славеа против Данска

Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 го…