Дома Фудбал Младата ѕвезда на Реал Мадрид може да добие затворска казна и од пет години!

Младата ѕвезда на Реал Мадрид може да добие затворска казна и од пет години!

Дефанзивецот на Реал, Раул Асенсио (22), е обвинет за дистрибуција на детска порнографија, а судот во Шпанија покрена кривична постапка.

Асенсио ќе се соочи со обвинувањата по завршетокот на полициската истрага заедно со тројца поранешни соиграчи од младинскиот тим на Реал.


Обвинет е за нарачување снимки што ги снимиле Феран Руиз, Андрес Гарсија и Хуан Родригез во 2023 година, на кои се гледаат неговите соиграчи како имаат сексуални односи со девојка и малолетничка кои имале 18 и 16 години.

Обвинетите играчи сега се соочуваат со потенцијални обвинувања за дистрибуција на детска порнографија бидејќи наводно го делеле снимакот преку WhatsApp.

Двете жени според судската пресуда покажуваат симптоми што соодветствуваат на посттрауматско стресно растројство, а наодите од истрагата ќе им бидат испратени за да се утврди дали ќе биде подигнато обвинение, пишува AS.

Доколку се утврди дека е така, тогаш обвинителството може да поднесе обвинение и да побара кривично гонење, или обвинителството може да инсистира на својата волја.

Судијата рече дека има доволно докази кои ги поддржуваат тврдењата за кршење на приватноста, дистрибуција на снимки на трети лица без знаење или согласност на жртвата, понуда на малолетници за порнографски цели и поседување детска порнографија.

Инаку, член 197 од Кривичниот законик на Шпанија наведува дека секое лице прогласено за виновно за снимање и делење експлицитно видео со малолетник ќе се соочи со затворска казна од три и пол до пет години.

Фото: Real Madrid C/F/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова катастрофа за Постекоглу пред финалето на Лига Европа

Фудбалерот на Тотенхем Дејан Кулушевски нема да игра во финалето на Лига Европа против Ман…