Македонската машка ракометна репрезентација и официјално означи старт на подготовките за настап на Светското првенство 2025 година.
Нашите ракометри првиот дел од подготовките ќе го одработат во Стара Пазова каде ќе останат до 30 декември.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Искусниот репрезентативен голман, Никола Митревски верува дека до стартот на Мундијалот ќе бидат максимално подготвени.
„Среќни сме за почетокот на подготовките за Светското првенство кое го очекуваме со нетрпение. Имаме доволно време за подготовка и за одигрување на пријателски натпревари. Треба максимално да се спремиме за напорите и предизвиците кои не очекуваат во Хрватска. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред во овој период и подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство“.
Македонија е во групата Д заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја, натпреварите ќе ги игра во Вараждин (Хрватска).
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!