
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во интервју за порталот „RG“ зборуваше за неговата кариера и актуелната сезона која за него како што вели не беше успешна.
Со само четири голови на 22 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, ова е најслаба сезона за Миовски и по бројот на голови и по бројот на настапи од 2019/20 наваму. Но македонскиот репрезентативец не дозволува сомнежи во неговата самодоверба или квалитет, и покрај критиките од шпанските медиуми, и вели:
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
„Никогаш не сум имал недостаток од самодоверба, бидејќи не можеш да стигнеш до ова ниво ако не веруваш во себе. Преживеав многу потешки моменти во кариерата. Дури и кога не играв редовно во македонската Прва лига и натпреварите ги гледав од трибини, не изгубив самодоверба, затоа што верував дека со упорност и работа ќе дојде моето време — и така сум живеел цел живот. Критиките не ме погодуваат, затоа што ги сметам за дел од работата. Ако играш лошо – ќе те критикуваат, ако играш добро – ќе те пофалат.“
Фактот што Миовски одигра само 20 минути во периодот по мартовската репрезентативна пауза до крајот на сезоната ги изненади многумина — вклучително и него самиот. На прашањето дали некој разговарал со него за ограничената минутажа, тој одговори:
„Не, и искрено очекував да играм повеќе,“ рече Миовски. „Доаѓав од добра форма по репрезентативната пауза во март, постигнав неколку голови и запишав асистенција за Македонија, бев полн со самодоверба и сакав тоа да го пренесам и на клупско ниво. За жал, го пропуштив натпреварот против Барселона поради мала повреда, но потоа бев целосно подготвен сè до последните неколку кола од сезоната. Очекував да играм многу повеќе од тие 20 минути, бидејќи сакав да му помогнам на клубот. Но, секој е одговорен за своите одлуки, и тоа беше тренерската одлука. Јас сè што можев дадов на тренинзите, но тренерот (Мичел) е тој што одлучува кој ќе игра, и покрај тоа што имам добар однос со него.“
Комплетното интервју на Миовски можете да го прочитате – ТУКА.