Дома Останати Кошарка Минесота го елиминира Голден Стејт и избори финале на Западот (Видео)

Минесота го елиминира Голден Стејт и избори финале на Западот (Видео)

Минесота ги победи Голден Стејт Вориорс со 121:110 во Минеаполис и со 4:1 ја заврши серијата во плејофот на НБА лигата. Минесота по втор пат по ред обезбеди финале во Западната конференција, каде што ќе игра против победникот од серијата помеѓу Оклахома Сити Тандерс и Денвер Нагетс, во која ОКЦ води со 3:2. Вориорсите повторно играа без повредениот Стеф Кари, кој го чека опоравување откако неговиот тим испадна од доигрувањето.

Најдобар играч на Минесота беше Џулиус Рендл со 29 поени, 8 скока и 5 асистенции со шут 13/18. Ентони Едвардс додаде 22 поени и 12 асистенции за Волвсите. Брандин Подземски постигна 28 поени за Вориорсите, а го следеше Џонатан Куминга со два поени помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јокиќ со Леброн во ист тим?!

Кошаркарскиот свет би можел да биде зафатен од голема трансфер експлозија ова лето! Имено,…