Дома Фудбал Mилевски: Не ни е сеедно, одговрноста е моја…

Mилевски: Не ни е сеедно, одговрноста е моја…

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, ја презеде целата одговорност за убедливиот пораз на гостувањето кај Велс, истакнувајќи дека повеќе го боли начинот на кој Македонија беше поразена отколку самиот резултат.

Македонската селекција во Кардиф го доживеа еден од најтешките порази во својата историја.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„После ваков меч, останува само да му честитам на Велс за перформансот. Не одговоривме на нивната агресивност. Честитки за моите фудбалери што покажаа во овие квалификации… Се надевам на повеќе минути во нивните клубови за да парираат на физички план“, изјави Милевски веднаш по натпреварот.

Тој додаде: „Не ни е сеедно на сите нас, одговорноста е моја, секако била и ќе биде… Сѐ е можно во денешен фудбал. Ме боли повеќе начинот на кој загубивме, отколку резултатот“.

Селекторот призна дека приказот на репрезентацијата на овој натпревар значително отстапуваше од претставите во претходните дуели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал блиску до договор со ѕвездата на Баерн

Реал Мадрид следи голем број стопери, а наводно сега Дајо Упамекано е трансфер цел број ед…