Дома Фудбал Mилевски: Македонија никогаш не се поставува како фаворит, тоа ќе го покажеме на терен

Mилевски: Македонија никогаш не се поставува како фаворит, тоа ќе го покажеме на терен

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски денеска го објави списокот на натпревари за дуелите со Лихтенштајн и Велс.

Македонија квалификациите ги отвора со гостување во Вадиц против Лихтенштајн.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Притоск носи секој натпревар, додека сум јас тренер никогаш не сме се поставиле како фаворит и тоа го покажуваме само на терен. Секогаш целта е да одиграме на највисоко ниво. Добро е тоа што целата спортска јавност има очекувања да бидеме на највисоко ниво. Тоа значи дека поседувате одличен квалитет и тоа ги тера луѓето тоа да го очекуваат. Таквата ситуација не мотивра дополнително“, изјави Милевски.

„Се надевам дека и публиката ќе дојде во поголем број и сакам да ги повикам сите вистински љубители на фудбалот и спортот, секогаш кога игра Македонија во било кој спорт наша обврска е да дадеме поддршка. Некогаш напаѓачите немаа минутажа, сега ситуацијата таму се промени, можеби имаме такви проблеми во одбраната на овој собир, но секогаш кога се тука сите дават се од себе и тоа е мој единствен репер за тоа кој треба да игра“, истакна селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ел Класико на друг теерен: Барса и Реал во битка за фудбалер на Борусија

Започнува трката за еден од најдобрите дефанзивци во светскиот фудбал. Нико Шлотербек пока…