
Роберт Левандовски е главниот приоритет на Милан за 2026 година. Росонерите им е потребна гол-машина во борбата за Скудето, додека Полјакот одамна се наоѓа на излезната врата на Камп Ноу. Сето тоа звучи убаво, но – нереално. Понудата на Милан од гледиштето на Каталонците е бесмислена.
“Барса нема да ја обнови соработката со Роберт Левандовски. Тој си заминува од клубот”, тврди The Athletic.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Леви се приближува до 38-от роденден, но управата на Милан тоа не ја загрижува. Веќе го доведоа Лука Модриќ на праг од 40-те години од Реал Мадрид, сега сакаат уште една легенда од Ла Лига. Спортскиот директор на италијанскиот тим, Игли Таре, се потпира на искусни и проверени имиња, со цел да го освои Скудето.
Санти Хименез долго време е надвор од форма, а мачи се со повреди, додека вториот “вистински напаѓач” Кристофер Нкунку е сè, само не “вистински напаѓач”. Французинот се труди, вистина е, но едноставно нема квалитет за да донесе титула.
Calciomercato откри дека AC Milan е подготвен да и даде на Барселона директна понуда во јануарскиот трансфер период. За што станува збор? Директна размена меѓу Левандовски и Нкунку. Без пари, без додатоци, без позајмица; чиста и едноставна размена.
Каталонскиот клуб веројатно нема ниту да го разгледа тој предлог, а некои извори велат дека само се смееле кога ја виделе понудата од Милан. Освен тоа, Барса планира да го задржи Левандовски до крајот на сезоната, ќе им биде неопходен во борбата за трофеи, па од летото може би Левандовски да оди во Милан.