Дома Фудбал Милан продолжува да го брка Интер по победата во Болоња

Милан продолжува да го брка Интер по победата во Болоња

Екипата на Милан запиша убедлива победа со 3:0 на гостувањето кај Болоња во последниот натпревар од 23-от круг на Серија “А”.

Рубен Лофтус-Чик (20’), Кристофер Нкунку (39’ – пенал) и Адриен Рабио (48’) ги постигнаа головите во натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во 20-тата минута Равалија одбрани удар со глава на Нкунку од блиску. Сепак, одбраната на Болоња не успеа да ја отстрани топката и Рабио му ја додаде на Лофтус-Чик, кој со ударот ја испрати во мрежата. Потоа следеше долг период без интересни ситуации, сè до 36-тата минута кога Нкунку го финтираше Равалија и изнуди прекршок. Така главниот судија покажа на белата точка, од каде што токму Французинот ја дуплираше предноста на својот тим.

Вториот дел започна одлично за “росонерите”, кои го постигнаа третиот гол во 48-мата минута. Тогаш Рабио ја одзеде топката при противничкиот аути и брзо се запиша со удар по земја. Кратко потоа, Нкунку по вторпат остана сам пред Равалија, но овој пат голманот го доби дуелот меѓу нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал ангажира младинец на Тотенхем

Арсенал официјално го објави доведувањето на дефанзивецот од младинската репрезентација на…