
Болоња планира да донесе три играчи од Милан кои повеќе не се во плановите на тренерот Масимилијано Алегри. Како што јавуваат La Gazzetta dello Sport и Calciomercato, Болоња ги посакува Томазо Побега (25), Јасин Адли (24) и Ноа Окафор (25).
Побега претходната сезона веќе ја мина во Болоња на позајмица, со можност за откуп на договорот за 12 милиони евра. Сепак, клубот не ја искористи таа опција, очекувајќи подобра преговарачка позиција во ова лето. Сега Побега би можел да стане дел од поголем пакет со Адли и Окафор, двајца играчи кои исто така се вишок во Милан.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Адли минатата сезона беше позајмен на Фиорентина и доби јасна порака дека летово мора да си најде нов клуб. Швајцарскиот напаѓач Окафор се врати од Наполи, каде што помина шест месеци на позајмица, но речиси не заигра. За Окафор интерес покажаа турските великани Бешикташ и Фенербахче, но тие го сакаат на позајмица со опција за откуп, додека Милан бара директна продажба.
Фото: Принтскрин