Дома Фудбал Милан ќе се ослободи од најлошото засилување и ќе тргне по двајца нови играчи!

Милан ќе се ослободи од најлошото засилување и ќе тргне по двајца нови играчи!

Масимилијано Алегри ќе мора да ја засили екипата во јануарскиот преоден рок. 

Имаше промашувања во летниот преоден рок, особено мислиме на Нкунку кој беше платен 37 милиони евра и кој, според сè изгледа, ќе оди на позајмица. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Никој не е задоволен од неговите изданија во дресот на Милан, особено кога ќе го видите тоа дека имаа шанса да го доведат и Хојлунд кој, на крај, заврши во Наполи и сега игра одлично. 

Сега е на агентот Пини Захави да му најде клуб, Нкунку со задоволство ќе го напушти Милан и Милан ќе се ослободи од овој фудбалер. 

Значи, се бара напаѓач, се спомнуваше Фулкруг, но многумина се сомневаат дека тој е вистинско решение на долги патеки, повеќе дека е тоа Душан Влаховиќ.

Дефанзивните проблеми исто така го мачат Алегри, а некогашниот шеф на стручниот штаб на Јувентус ќе го побара стоперот во својот поранешен клуб. 

Федерико Гати се спомнува како можен избор, но не изгледа реално бидејќи купување во јануари од директните ривали во борбата за Лигата на шампионите и самиот врв на табелата не е логично од страна на Јувентус. 

Но, пореална цел е Милан Шкрињар, поранешен фудбалер на Интер кој сега ги брани боите на Фенербахче. Италијанскиот “Скај” пишува за капитенот на Фенер како еден од играчите кои ги сакаат во јануари, а освен тоа се спомнува можноста за доведување и на Ерик Дајер, кој е сега во Монако по заминувањето од Минхен. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…