Дома Трансфер зона Милан испрати официјална понуда за Гименез

Милан испрати официјална понуда за Гименез

Главна цел на Милан во зимскиит преоден рок ќе биде засилување во нападот, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најново име на списокот на „росонерите“ е напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Гименез. Мексиканецот со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Гименез минатото лето одлучи да остане во Феенорд, но сега и самиот сака да ја промени средината.

„Росонерите“ веќе започнале преговори со агентот и Гименез дал согласност за трансфер на Сан Сиро. Притоа испратиле понуда од 30 милиони евра плус 10 милиони во име на бонуси.

Проблем е што Феенорд не сака да ја продаде својата ѕвезда на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…