
Италијанските гиганти Милан и Интер направија значаен чекор кон изградбата на новиот стадион преку претставување на детален проект пред градските власти на Милано. Проектот се однесува на изградба на модерен спортски комплекс во областа Сан Сиро, каде што моментално се наоѓа легендарниот стадион Џузепе Меаца.
Централниот дел од проектот го сочинува новиот стадион со капацитет од 71.500 места, чија изградба би требало да чини околу 700 милиони евра. Но, освен самата арена, планот вклучува и сеопфатно уредување на околната област, која ќе биде претворена во мултифункционална спортска зона.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Според тековниот план, новиот стадион треба да биде завршен до 2031 година, со што Милано би добил еден од најмодерните фудбалски објекти во Европа.