Дома Фудбал Милан го сака дефанзивецот на Баерн

Милан го сака дефанзивецот на Баерн

Јужнокорејскиот дефанзивец на Баерн Минхен, Ким Мин-Жае, може повторно да се врати во редовите на Серија А. Според „Газета дело Спорт“, за него интерес покажува Милан.

Ким беше дел од шампионскиот тим на Наполи, а потоа беше привлечен од Баерн во 2023 година. По две цели сезони кај баварците, Кореецот не беше убедлив и германските шампиони се подготвени да се разделат со него.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ким оваа сезона не добива голема минутажа и самиот е спремен да ја промени средината, а Баерн е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.

Приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на искусен дефанзивец, а Ким е на врвот на листата желби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул заврши голема работа: Алисон останува на Енфилд!

Раководството на Ливерпул ја активираше клаузулата во договорот со Алисон Бекер, со што го…