Дома Фудбал Милан го презема легенда на клубот која освоила пет пехари во Серија А

Милан го презема легенда на клубот која освоила пет пехари во Серија А

Според пишувањето на порталот „Фудбал Италија“, Милан во моментов не планира да го отпушти Сержо Консеисao, но легендата на клубот Мауро Тасоти би можел да го замени португалскиот тренер во завршниот дел од сезоната ако ситуацијата се влоши. Милан загуби три последователни натпревари во Серија А, а неделниот пораз дома од Лацио го спушти на деветтото место, девет бодови зад римскиот клуб на четвртата позиција.

Управата на Милан не размислува за отпуштање на португалскиот тренер, но неговата позиција не е сигурна. Консеисao е сè уште под притисок бидејќи тимот не покажал никаков напредок под негово водство. Клупската легенда Тасоти, поранешен играч и поранешен асистент на Карло Анчелоти на Сан Сиро, е водечки кандидат за привремен тренер до крајот на сезоната, доколку ситуацијата се влоши.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Тасоти веќе е во клубот, каде што работи како асистент на Масимо Одо во Милан Футуру, вториот тим на Росонерите. Консеисao има договор со Милан до 2026 година, но клубот има опција за раскин на договорот на крајот од сезоната. Откако го замени Паоло Фонсека во декември 2024 година, португалскиот тренер постигна осум победи во 17 натпревари, три нерешени и шест порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан има три кандидати за спортски директор

Милан е во сериозна криза, но тренерот не е сменет. Затоа, управата реши да се посвети на …