Дома Трансфер зона Милан ја победи конкуренцијата за „новиот Пирло“

Милан ја победи конкуренцијата за „новиот Пирло“

Милан е во пол-позиција за потписот на ѕвездата на Торино и италијански репрезентативец, Самуеле Ричи, пренесува „Газета дело Спорт“.

23-годишниот Ричи игра одлично и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Веќе го доби питетот „новиот Пирло“, а неодамна потпиша нов договор со Торино.

Меѓутоа, медиумите пренесуваат дека во договорот има ослободителна клаузула од 50 милиони евра, која неколку клубови се спремни да ја платат.

Милан е во напредни преговори со неговиот агент и Ричи веќе им кажал ДА на „росонерите“, но проблем е што Торино не сака да го продаде на средина од сезоната.

Трансферот најверојатно ќе се комплетира на крајот на сезоната за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…