
Данскиот ракометен ас и еден од најдобрите играчи во историјата, Микел Хансен, направи изненадувачка промена на својот изглед – по долгите години во кои беше препознатлив по својата долга коса, се појави со целосно избричена глава.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со овој потег, Хансен не само што го промени имиџот, туку испрати и силна порака на поддршка до сите луѓе ширум светот кои се соочуваат со ракот.
Во кратко видео, во кое се гледа моментот на неговата трансформација, легендарниот Данец откри и дека неговиот татко исто така водел борба со оваа тешка болест.
Според светските статистики, секоја година околу 20 милиони луѓе во светот заболуваат од рак.