Пензионираниот непоразен боксер Флојд Мејведер му направи чест на својот внук со божиќен подарок од 20 милиони долари.
Имено, Мејведер за својот двегодишен внук Кентрел Гаулден купи зграда на Шестата Авенија на Менхетн во Њујорк.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Оваа зграда е лоцирана во таканаречениот Дијамантски Дистрикт, а во неа се сместени деловни простории, канцеларии, продавници со дијаманти и голем билборд за рекламирање.
“Кога бев млад, купував во таа продавница. Не можев ни да сонувам дека еден ден ќе бидам сопственик на тоа место. Сé е возможно кога си посветен и работиш напорно”, изјави Мејведер.
Floyd Mayweather bought his grandson Kentrell Jr a building in the NYC Diamond District for Christmas. Continuing generational wealth🏫🎁 pic.twitter.com/tTMpGCOCP5
— Wave Check🌊 (@thewavecheckk) December 26, 2024
Да потсетиме, Флојд во својата кариера забележа 50 победи и ниту еден пораз, станувајќи еден од најбогатите спортисти.
Неговото богатство се проценува на малку помалку од 500 милиони долари, додека во кариерата од бокс заработи околу 1,1 милијарди долари.
Инаку, познат е по тоа што не сокрива колку му е важен паричникот и сака да се фали со него и да го троши изобилно на луксуз.