Дома Фудбал Останато Meси: Не дојдов да го развивам фудбалот во САД, тука сум да уживам!

Meси: Не дојдов да го развивам фудбалот во САД, тука сум да уживам!

На својата прва прес-конференција како играч на Интер Мајами, Меси зборуваше за трансферот во Мајами и објасни дека не одлучил одеднаш, туку ова е нешто кое го планирал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси има одличен почеток во новиот клуб и стрелец е скоро на секој натпревар, па со самото тоа е и среќен во Мајами.

„Ова е местото каде што сакав да живеам одамна. Одлуката ја донесов заедно со семејството, сите сме среќни тука. Не сакав да си заминам од Барселона пред две години, но тогаш работите не зависеа од мене и трансферот во ПСЖ се случи преку ноќ. Ситуацијата беше комплицирана, сега во Мајами е се поинаку, презадоволни сме и уживаме. Градот е многу убав, се уште немаме купено куќа за постојано живеење“, изјави Меси.

Аргентинецот истакна и дека неговата намера не е да го развива фудбалот во САД,

„Не дојдов да го развивам фудбалот, туку да уживам во играњето. Немам проблем со играњето на вештачка трева, навикнат сум“, изјави Меси.

Во разговорот со новинарите Меси истакна и дека не размислува за Златната топка затоа што најголемата награда која ја посакувал е Мундијалот и веќе ја освои во декември со Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Kolku zarabotila БиХ na Svetot Prvenstvo

Босна и Херцеговина го заврши своето учество на Светското првенство со пораз од 0:2 од дом…