Капитенот на Барселона Лионел Меси е спремен да остане на „Камп Ноу“ пренесуваат бројни европски медиуми.
Аргентинскиот репрезентативец го известил претседателот Лапорта дека ќе ја прифати понудата за продолжување на соработката вредна 35 милиони евра по сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорот на Меси истекува со последниот ден од јуни, а наскоро би требало да потпише нов до крајот на сезоната 2022/2023. Значи дека со тој договор Аргентинецот ќе заработи 70 милиони евра.
Наводно одличниот напаѓач по истекот на договорот би требало да се пресели во МЛС, за потоа по завршувањето на крајот да се врати во Барселона и да добие некоја функција во раководството на каталонскиот клуб.