Познато е дека тенисот со години има огромни проблеми со обложувањето и наместените натпревари, а сега се појавија информации за наместени натпревари и на најголемиот турнир.
Имено, антикорупциското тело „Теnnis Integrity Unit“ наведува дека под истрага се три натпревари. Не е откриено за кој точно натпревари се работи, но наводно во прашање се два квалификациски и еден од главниот турнир на Вимблдон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај сомневањето за овие три натпревари, под истрага се вкупно 53 натпревари оваа сезона, а еден од нив е и од овогодинешното издание на Ролан Гарос.
Да потсетиме, неодамна „BuzzFeed“ и „BBC“ објавија резултати од истрагата која покажа дека наместени натпревари има и во самиот врв на светскиот тенис.