
Лионел Меси го надмина рекордот на Пеле за голови од слободни удари, откако го постигна својот 71. гол од прекин во победата на Интер Мајами против Њујорк Сити со резултат од 3:2, во MLS лигата. Аргентинскиот фудбалер сега се доближува до апсолутниот рекорд кој го држи Жунињо.
Историскиот гол, со кој ја надмина бразилската легенда која според записите има 70 голови од слободни удари, беше постигнат во 61. минута. Меси го израмни резултатот на 2:2 со удар кој го надмудри голманот Мет Фреејд, додека топката имаше мала девијација.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Со ова достигнување, поранешниот играч на Барселона останува уште на шест гола до изедначување на рекордот на Жунињо Пернамбукано. Бразилскиот специјалист, кој играше за клубови како Спорт, Васко да Гама, Лион, Ал Гарафа и Њујорк, ја заврши својата кариера со вкупно 77 голови од слободни удари, што ќе биде следната голема цел на Меси.
Да напоменеме, аргентинскиот репрезентативец неодамна достигна импресивна бројка од 900 гола во професионалната кариера, на натпреварот против Нешвил.