ЛИОНЕЛ МЕСИ (37), капитенот на репрезентацијата на Аргентина, актуелниот шампион на Јужна Америка и светот, ќе ги пропушти квалификациските натпревари за Светското првенство 2026 против Уругвај и Бразил поради повреда на мускул.
Лионел Скалони го објави списокот на играчи за продолжување на квалификациите за СП 2026, на кој го нема Меси.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сојузот не ги откри причините за изостанувањето на капитенот, кој во 191 натпревар за Аргентина постигнал 112 и aсистирал за 61 гол, но медиумите пишуваат дека има проблеми со повреда на мускул што ја заработил во натпреварот против Атланта во МЛС.
Меси во победата 2:1 на тој натпревар постигна гол во 20. минута, а на теренот остана до крајот на натпреварот.