Дома Фудбал Мендеш планира трансфер на Бернардо Силва во Милан

Мендеш планира трансфер на Бернардо Силва во Милан

Според англиските медиуми, Бернардо Силва решил да ја напушти екипата на Манчестер Сити по завршувањето на сезоната.

Минатото лето Барселона имаше голема желба да го доведе Португалецот, но финансиските пречки не го дозволија трансферот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Жорге Мендеш, неговиот менаџер, веќе започнал процес на барање нов клуб за Бернардо. Според медиумите, Милан е следната можност за него.

Тој претходно го донесе Жоао Феликс на Сан Сиро и е менаџер на тренерот Консеисао, со што има одлични односи со клубот од Милано.

Милан сака следното лето да реализира голем трансфер. За да го финансира доаѓањето на Бернардо Силва, ќе ги продаде Окафор и Чукуедзе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана се враќа во Интер за да ја оживее кариерата!?

Андре Онана, камерунскиот репрезентативен голман кој оваа сезона е на позајмица од Манчест…