Дома Фудбал Мемфис Депај осуден на затворска казна!

Мемфис Депај осуден на затворска казна!

Мемфис Депај (30) поради возење во алкохолизирана состојба во Монако е осуден на четири месеци условна затворска казна. Полицијата го запрела холандскиот напаѓач поради невнимателно возење со неговиот Ролс-Ројс на 6 август 2024 година, објавил францускиот RMC Sport. Депај во тој момент 1.01 промил алкохол во крвта.

Условната казна значи дека ќе се изврши ако го повтори прекршокот, заради што судот во Монако го казнил и со 2,000 евра и двегодишна забрана за возење во кнежевството. Ги признал обвиненијата и се извинил при апсењето. Не присуствувал на изрекувањето на пресудата, а има две недели за поднесување жалба.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Депај во кариерата играше за ПСВ, Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико Мадрид. Во септември 2024 потпиша за бразилскиот Коринтијанс, за кој во 18 натпревари има седум голови и додаде четири асистенции. Најдобриот период од кариерата го помина во Лион, каде што постигна 76 голови и 55 асистенции во 178 натпревари.

Во сезоната 2014/2015 со 22 гола беше најдобар стрелец во холандското првенство, вкупно освои осум клубски трофеи, додека за холандската репрезентација постигна 46 голови во 98 натпревари. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на десет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брера се засили со дефанзивец од Воска кој играл и во Австралија

23 годишниот одбранбен фудбалер Христијан Јанкулоски е ново име на Брера Струмица. Тој веќ…