Дома Друго МекГрегор обвинет за ново силување. Станува збор за политичарка

МекГрегор обвинет за ново силување. Станува збор за политичарка

Познатиот ММА борец и една од најголемите ѕвезди на тој спорт во историјата, Конор МекГрегор, е прогласен за виновен за силување во ноември 2024 година. Поротата на високиот суд во Даблин утврди дека во 2018 година имал сексуален однос без согласност со жена по име Никита Хенд во хотел.

По заседавање кое траело шест часа и 10 минути, поротата донесе своја пресуда. Вкупниот износ за оштетата доделена на тужителката Никита Хенд изнесуваше 248.603 евра. 36-годишникот не даде никакви коментари откако брзо го напушти Високиот суд во Даблин по одлуката во петокот вечер.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


МекГрегор изгуби повеќе спонзори по пресудата, а веќе се споменуваше и уште еден сличен случај од животот на МекГрегор. Тој вчера беше потврден, па американските медиуми пренесуваат вест дека добил уште една тужба.

Минатата година престојувал во Мајами каде што гледал натпревар од НБА финалето помеѓу Мајами Хит и Денвер Нагетс. ТМЗ тогаш пишувше дека МекГрегор со помош на обезбедувањето на Касеј Центар одделил една жена од нејзините пријателки и заедно ја втурнале во машките тоалети.

Ден потоа се појави снимка која потврдува дел од приказната на наводната жртва. На неа се гледа како МекГрегор навистина ја одведува жената во тоалетите, а обезбедувачите потоа стојат пред вратите. Американската полиција подоцна одлучи да не поднесе обвинение поради недостаток на докази, но жената решила да го тужи.

Наводно станува збор за жена на возраст од 49 години која сака да остане анонимна поради политичката функција што ја извршува. Адвокатката на МекГрегор тврди дека истрагата нема ни да се отвори и дека судот ќе го отфрли овој случај бидејќи приказната не е вистинита и поминало многу време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Друго