
Хари Мегваер во почетокот на 2025 година би можел да започне ново поглавје во својата кариера, и тоа далеку од Англија.
Како што пренесува британскиот Мирор, искусниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед се наоѓа на мета на дури два клуба од Саудиска Арабија.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Станува збор за Ал-Наср, каде игра неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо, и Ал-Етифак, кој веќе извесно време се обидува да ја засили одбраната.
Мегваер во Манчестер Јунајтед пристигна во 2019 година од Лестер за тогаш рекордни 80 милиони фунти – сума што и денес останува најскап трансфер на англиски дефанзивец.
Неговиот договор со ‘Црвените ѓаволи’ истекува во јуни наредната година, што значи дека во јануари ќе има право слободно да преговара со други клубови.
Со оглед на издашните финансиски понуди кои доаѓаат од Саудиска Арабија, не би било изненадување ако Мегваер биде привлечен од таков предизвик.
Ако се реализира трансферот во Саудиска Арабија, Мегваер би можел да стане најновото познато име кое ќе ја продолжи кариерата во богатата Про лига, каде веќе настапува низа европски ѕвезди.