Дома Останати Тенис Медведев реши да го отпушти тренерот: Не освоивме ништо

Медведев реши да го отпушти тренерот: Не освоивме ништо

Рускиот тенисер Данил Медведев одлучи да направи промени во својот тренерски тим по лошиот старт во 2025 година, потврдувајќи дека ја прекинал соработката со еден од своите тренери, Жил Симон!

Симон, поранешен шести тенисер во светот, беше дел од тимот на Медведев од почетокот на 2024 година, но не донесе ништо ново. Тие заедно не освоија ниту еден турнир.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На Австралија опен, Медведев испадна во втората рунда, додека пред натпреварот во Ротердам, се одлучи за споменатите промени.

„Жил се приклучи на тимот пред нешто помалку од година дена, во февруари 2024 година. Беше тоа добро искуство, но не ги исполни моите очекувања“, рече Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шок за Алкараз: Првиот пораз годинава му го одзеде финалето на Индијан Велс против Синер

ДАНИИЛ МЕДВЕДЕВ му го прекина беспрекорното отворање на сезоната на првиот тенисер во свет…