Дома Фудбал Мејведер на својот двегодишен внук за Божиќ му подари – зграда од 20 милиони долари

Мејведер на својот двегодишен внук за Божиќ му подари – зграда од 20 милиони долари

Пензионираниот непоразен боксер Флојд Мејведер му направи чест на својот внук со божиќен подарок од 20 милиони долари.

Имено, Мејведер за својот двегодишен внук Кентрел Гаулден купи зграда на Шестата Авенија на Менхетн во Њујорк.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Оваа зграда е лоцирана во таканаречениот Дијамантски Дистрикт, а во неа се сместени деловни простории, канцеларии, продавници со дијаманти и голем билборд за рекламирање.

“Кога бев млад, купував во таа продавница. Не можев ни да сонувам дека еден ден ќе бидам сопственик на тоа место. Сé е возможно кога си посветен и работиш напорно”, изјави Мејведер.

Да потсетиме, Флојд во својата кариера забележа 50 победи и ниту еден пораз, станувајќи еден од најбогатите спортисти.

Неговото богатство се проценува на малку помалку од 500 милиони долари, додека во кариерата од бокс заработи околу 1,1 милијарди долари.

Инаку, познат е по тоа што не сокрива колку му е важен паричникот и сака да се фали со него и да го троши изобилно на луксуз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постекоглу конечно ја прекина тишината за кошмарот во Нотингем Форест

Постекоглу беше назначен како наследник на Нуно Еспирито Санто во септември, но беше отпуш…