Дома Фудбал Останато Meси со четири одиграни натпревари ќе се бори за МВП во МЛС лигата

Meси со четири одиграни натпревари ќе се бори за МВП во МЛС лигата

Лионел Меси секако е далеку најголемата ѕвезда во МЛС лигата, меѓутоа и покрај тоа неговата номинација за МВП на сезоната чудна.

Меси во редовите на Интер Мајами пристигна летово и поради паузата во првенството цел месец чекаше за дебито, а оттогаш одигра вкупно само четири натпревари. На три од нив беше стартер пред да се повреди и ги пропушти следните четири натпревари натпревари на Интер Мајами.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во настапите постигна еден гол против Њујорк Ред Бул на 27 август. Имаше големо влијание Меси во освојувањето на првиот трофеј во историјата на клубот, меѓутоа тоа беше куп натпреварување и не би требало да се зема во предвид за настапите во лигата.

Во конкуренција за оваа награда е и соиграчот на Меси, Серхио Бускетс кој одигра повеќе натпрерари од својот пријател. Најголем дел од кандидатите на листата имаат одиграно 32 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул официјално го претстави талентот од Италија

Ливерпул официјално го објави трансферот на италијанскиот талент Џовани Леони, кој доаѓа о…