Дома Фудбал Останато Meси се повредил, се огласи тренерот на Интер Мајами

Meси се повредил, се огласи тренерот на Интер Мајами

Лионел Меси игра одлично на почетокот на својата епизода во Интер Мајами, но сега доживеал повреда на еден од тренинзите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси се пожалил на болки во скочниот зглоб и поради тоа морал предвреме да го заврши тренингот.

Тренерот Тата Мартино откако информацијата стигна до медиумите ги смируваше навивачите дека не е ништо сериозно.

„Ако беше нешто сериозно, соиграчите ќе беа шокирани, вака сите беа добро расположени. Сметам дека се ќе биде во ред“, изјави Мартино.

Во дресот на Интер Мајами, Меси постигна осум голови и одлично стартуваше. Интер Мајами во среда ќе се соочи со Филаделфија во полуфиналето од американскиот Лига Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барбарез заплака на теренот по елиминацијата на Босна и Херцеговина од Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина заврши со натпреварите на Светското прве…