Жоан Лапорта го минува вториот мандат како претседател на Барселона, но истиот е исполнет со многу предизвици поради финансиските проблеми со кои се соочуваше финансискиот гигант.
Каталонците беа принудени да се откажат од Лионел Меси, а Лапорта летово се обиде да го врати, меѓутоа ситуацијата во клубот и понатаму е комплицирана, па враќање на Аргентинецот не беше можно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси на крајот потпиша за тимот од МЛС лигата, Интер Мајами, меѓутоа Лапорта сега откри една непознаница, а тоа е дека Меси е се уште на платниот список на Барселона и ќе биде до 2025 година.
„Со Ла Лига имавме договор да пренасолиме дел од нашите ресури кон Меси. Имав разговор со Хорхе Меси кој ми кажа дека Лео поминал две тешки години во Париз и сега сака да игра на место каде што ќе има помал притисок. Барселона сигурно не е такво место. Имам разбирање за неговата одлука и му посакувам среќа“.
„Она што клубот му го должи на Меси е нашиот платен биланс и едел од неговиот договор со претходната управа. Плаќањата ќе траат до 2025 година“, откри Лапорта.