Дома Фудбал Останато Meси од 2010 година до денес постигнал исто голови колку Сандерленд

Meси од 2010 година до денес постигнал исто голови колку Сандерленд

Лионел Меси е навикнат да добива пофалби за она што го прави на теренот и тоа не е нешто ново, но кога мислиме дека не може да направи нешто повеќе Аргентинецот секогаш не изненадува.

Заедно со Кристиано Роналдо Меси ги обележа изминатите десет години во светскиот фудбал, но Меси не запира и оваа сезона одново игра во фантастична форма.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Англиските медиуми денес пронајдоа и една интересна статистика за аргентинскиот „волшебник“ кога се головите во прашања. Луѓето задолжени за статистиката дојдоа до неверојатен заклучок дека од 2010 година до денес Меси постигнал исто голови колку и целиот тим на Сандерленд.

Меси од 2010 година до денес постигна неверојатни 489 погодоци во сите натпреварувања во дресот на Барселона и навистина е импресивен податокот дека исто толку голови постигнал цел тим на Сандерленд.

Овој податок добива на тежина ако се знае дека поголемиот дел од тие сезони Сандерленд играше во Премиер лигата. Меси оваа сезона постигна 25 голови на 23 натпревари во шпанското првенство, додаде шест во Лигата на шампионите и два во Копа Дел Реј.

Во досегашниот дел од сезоната чудесниот Аргентинец е на бројката од 33 гола и се поголеми се шансите дека и оваа сезона ќе ја надмина бројката од 50 голови во една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

После Гарначо Челзи носи уште еден незадоволен играч на Јунајтед Наслов: После Гарначо, Челси ќе краде уште еден незадоволен од Рубен Аморим?

Гарначо ова лето пристигна од Манчестер во Лондон, а по негови стапки би можел да тргне и …