Во текот на вчерашниот ден силно одекна изјавата на потпретседателот на Барселона (ТУКА) кој потврди дека се водат преговори за враќање на Меси, сепак работата не е блиску до завршена.
Договорот на Меси истекува на крајот од сезоната и како што стојат работите нема да биде продолжен, барем така изгледа во овој момент. ПСЖ достави богата понуда до Аргентинецот, но Аргентинецот како да ја чека Барса.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се споменуваше дека Меси може во Саудиска Арабија, потоа во МЛС, меѓутоа сега како најреална опција изгледа враќање во Барселона.
Сега во медиумите се појавија и детали според кои Меси би можел да се врати. Францускиот „Ле Паризиен“ открива детали. Барселона има намера да му понуди на Меси максимална плата од 10 милиони евра годишно, а тука се и парите од спонзори.
Аргентинецот исто така би требало да добива и процент од продажбата на билети за домашните натпревари и дресовите со неговото име. Останува да видиме што ќе се случува, но сега веќе враќањето на Меси не изгледа толку невозможно.