Дома Топ вести Meси во својата магична вечер сруши неколку рекорди и се изедначи со Роналдо

Meси во својата магична вечер сруши неколку рекорди и се изедначи со Роналдо

меЛионел Меси вчера во својата колекација додаде уште еден во низата маестрални натпревари.

Барселона го победи Бетис со 4:1 и секако тоа беше благодарение на Лионел Меси кој запиша хет-трик, а два од неговите три погодоци беа вистински ремек-дела.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Меси првиот гол го постигна од слободен удар во 18-тата минута, неговиот трет во 85-тата минута беше уште подобар кога со маестрален лоб удар го матираше голманот на Бетис.

Вчера Меси сруши неколку рекорди. Аргентинецот стана првиот играч кој постигнал пет голови директно од слободен удар во петте најсилнит првенства и Лигата на шампионите оваа сезона.

Потоа стигна до бројката од 600 постигнати голови за тимовите за кои настапувал: Барселона (589), Барселона Б (6), Барселона Ц (5).

Покрај тоа со новиот хет-трик Меси се изедначи со бројот на хет-трикови на Кристиано Роналдо во Примера и сега двајцата имаат по 34.

Навистина магична вечер за Аргентинецот кој уште еднаш го покажа своето мајсторство, а најдобар доказ за тоа каков натпревар вчера одигра Меси се аплаузите кои ги доби од противничките играчи после постигнувањето на третиот гол.

Фановите на Барселона после овој настап не заборавија да се пошегуваат и изборот на ФИФА, па на социјалните мрежи може да се прочитаат коментари како – „не е лошо како за петти најдобар играч во светот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ериксен сруши рекорд во репрезентацијата на Данска

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен во натпреварот против Србија испиша рекорд ста…