Автобиографијата на стоперот на Јувентус Џорџо Киелини крена многу прашина, најмногу се коментира делот за Марио Балотели и Фелипе Мело.
Киелини го нарече Балотели негативец, додека Мело го опиша како најлош од сите. Со Балотели брзо се смирија откако Киелини призна дека погрешил, меѓутоа со Мело се уште се во „војна“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Балотели е негативец кој никого не почитува, па ниту тимот. Некои луѓе го сметаа за еден од најдобрите пет напаѓачи во светот, но за мене тој не е ниту во топ 20“
„Фелипе Мело е најлошиот помеѓу најлошите. Не можам да ги поднесам луѓето кој не покажуваат почит кон никого и кои секогаш одат контра. Додека беше тука атмосферата секогаш беше на работ на инцидент. На директорите им кажав дека тој е скапано јаболко во тимот“.
Откако медиумите пренесоа што кажал Киелини, Мело веднаш одговори, а сега се огласи уште еднаш. Мело разговараше во живо на Инстаграм со Себастијан Фреј и во таа прилика уште еднаш му одговори на стоперот на „старата дама“.
„Тој можеби има проблем со мене затоа што го удрив со глава кога игравме против Сиена. Од тогаш не сум разговарал со него и сега ја напиша таа книга. Му кажав што треба да му кажам. Во Јувентус на тренинзите и натпреварите се случија илјада работа поважни од ова и за нив може да се напише книга“.
„Киелини никогаш не ми се извини, но во ред е додека превзема одговорност за она што го зборува. Мислам дека само крена прашина за подобро да ја продаде својата книга. Требаше да го следи примерот на сегашниот потпретседател на Интер, Хавиер Занети кој никогаш не го спомена Јувентус во својата книга“, зборуваше Мело.