Maнчестер Сити вчера го победи Флуминенсе со 4:0 и ја освои титулата на Светското клупско првенство.
Сепак, сенка на финалето фрли инцидентот во кој Фелипе Мело тргна да се пресметува со Џек Грилиш и Кајл Вокер. Поранешниот бразилски репрезентативец низ кариерата стана познат по темпераментното однесување, а сега ја кажа својата страна на приказната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„На социјалните мрежи видов идиоти кои пишуваа дека ја сум започнал. Ќе бидам јасен, Грилиш не ја почитуваше историјата на Флуминенсе, никогаш нема да дозволам некој да се однесува на таков начин. Извикуваше „оле“ и затоа се случи тоа што се случи.
Grealish started joking and saying hello to the Fluminense players after the 4th goal
— New Sheriff⚓ (@NewsheriffUtd) December 23, 2023
After that, Felipe Melo went after the English player. Pushed Grealish himself and Walker pic.twitter.com/BapeiLuqy4
Јас сум воин, таков сум цел живот. Ривалот секогаш морате да почитувате без разлика дали победувате или губите. Кога ја освоивме Копа Либертадорес, како и по победата против Бока Јуниорс јас покажував почит кон противниците“, објасни Мело.
Низ кариерата која ја започна во 2001 година Мело играше уште за: Фламенго, Крузеиро, Гремио, Мајорка, Расинг, Алмерија, Фиорентина, Јувентус, Галатасарај, Интер и Палмеирас.