Дома Фудбал Останато Meси се повредил, се огласи тренерот на Интер Мајами

Meси се повредил, се огласи тренерот на Интер Мајами

Лионел Меси игра одлично на почетокот на својата епизода во Интер Мајами, но сега доживеал повреда на еден од тренинзите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси се пожалил на болки во скочниот зглоб и поради тоа морал предвреме да го заврши тренингот.

Тренерот Тата Мартино откако информацијата стигна до медиумите ги смируваше навивачите дека не е ништо сериозно.

„Ако беше нешто сериозно, соиграчите ќе беа шокирани, вака сите беа добро расположени. Сметам дека се ќе биде во ред“, изјави Мартино.

Во дресот на Интер Мајами, Меси постигна осум голови и одлично стартуваше. Интер Мајами во среда ќе се соочи со Филаделфија во полуфиналето од американскиот Лига Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Земјотрес“ на Островот: Гигант тргна по Бруно Фернандеш, понудени 50 милиони евра на Јунајтед, а на Португалецот дури 105!

Манчестер Јунајтед може да се соочи со една од најголемите трансфер приказни ова лето, отк…