
Килијан Мбапе повторно го привлече вниманието на фудбалската јавност, откако на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Валенсија беше забележан во напнат разговор со четвртиот судија – овојпат во тунелот што води кон соблекувалните.
Според информациите, францускиот напаѓач му се пожалил на четвртиот судија за неколку спорни судиски одлуки во текот на натпреварот, особено околу одредени дуели во кои сметал дека бил неправедно третиран.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
ТВ-камерите го „уловија“ моментот кога Мбапе, видливо вознемирен, со гестикулации ја објаснуваше својата гледна точка.
Засега нема официјална реакција од Ла Лига или од судиската комисија, но инцидентот веќе предизвика бројни коментари и поделени мислења меѓу навивачите на социјалните мрежи.