Дома Фудбал Мбапе: Светот на фудбалот е суров, дај Боже мојот син да го мрази фудбалот

Мбапе: Светот на фудбалот е суров, дај Боже мојот син да го мрази фудбалот

Ѕвездата на Реал Мадрид и Франција, Килиан Мбапе, даде обемно интервју за списанието на “Екип”, во кое искрено зборува за различни теми како што е разделбата со поранешниот клуб Пари Сен Жермен, за личниот живот и неговото гледиште кон фудбалот и парите.

Дали парите можат да го уништат како Пол Погба

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Да, можно е. Колку повеќе пари имаш, толку повеќе и проблеми имаш. Има луѓе кои не гледаат дека твојот живот се менува. Тие сакаат да ја задржат сликата за тебе кога си бил дете и сте биле заедно, но веќе не си истиот човек. Имаш одговорности, обврски, работа и сметки за кои треба да се грижиш. Ако некој те придружува на патот, тоа е прекрасна приказна. Добро е да пораснеш и да го достигнеш врвот со истото семејство и со доверлива основа. Но понекогаш тоа не функционира и треба да можеш да го кажеш. Тоа не значи дека врската е прекината, туку дека едноставно не функционира. Потешко е да се каже отколку да се направи, а тоа е проблем со кој се соочуваат многу спортисти и луѓе.

Јас сум фаталист во фудбалскиот свет, но не и во животот, бидејќи тој е прекрасен. Фудбалот е тоа што е. Сакам да кажам дека луѓето кои доаѓаат на стадионот имаат среќа само да дојдат и да гледаат спектакл, без да знаат што се случува зад кулисите. Честно кажано, ако немав страст, светот на фудбалот одамна ќе ме имаше одвратено. Дано имам син што ќе го мрази фудбалот. Дано моите деца да го мразат фудбалот (се смее – б.р.). Но, за жал, мислам дека топката никогаш нема да биде далеку од нив… Во секој случај, никогаш не би му препорачал на мојот син да се занимава со фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Млад се сели во заминува во Саудиска Арабија, ќе заработи и Милан

Одбранбениот играч на Андерлехт, Јан-Карло Симиќ, ќе се пресели во саудискиот Ал-Итихад, о…