
Адвокатскиот тим на Килијан Мбапе, поднесе тужба против неговиот поранешен клуб, ПСЖ, поради долг кон Французинот.
Францускиот напаѓач тврди дека ПСЖ му должи 55 милиони евра, а неговите адвокати истакнуваат дека побарале од судот во Париз да покрене постапка.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Делфин Верхејден, една од најпознатите адвокати, побара од францускиот министер за спорт правно да ја оспори одлуката на францускиот жалбен комитет, кој пресуди дека жалбата на Мбапе е недозволена.
Исто така, се додава дека ПСЖ би можел да остане без лиценца за Лигата на шампионите доколку се докаже дека му должи на францускиот фудбалер и не ја плати бараната сума.