Јулиен Лопетеги се наоѓа на излезни врати од Реал Мадрид, а шпанските медиуми тврдат дека ќе добие отказ после дербито против Барселона.
Јасно е дека Лопетеги баш и не се снајде во Мадрид. После катастрофалниот старт на сезоната на големо се шпекулира дека Лопетеги ќе биде отпуштен, а сега во Шпанија се тврди дека тоа официјално ќе се случи после „Ел Класико“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реномираната „Марка“ пишува дека Перез веќе ја соопштил неговата одлука на сите во клубот, а тоа е дека Лопетеги ќе добие отказ после натпреварот со Барса. На неговото место би можел да седне Антонио Конте.
Според информациите „кралевите“ веќе некое време преговараат со Италијанецот и наводно останати се само ситни детали од договорот.
Конте е без ангажман откако минатата сезона доби отказ на клупата на Челзи. Италијанскиот стручњак до сега немаше некои понуди, но порача дека ќе ги разгледува само сериозните понуди, во спротивно малку би се одморил. Нема соменвање дека Реал Мадрид е сериозен предизвик за секој стратег.