Mанчестер Јунајтед во претстојниот преоден рок ќе се обиде да доведе еден централен дефанзивец кој ќе биде партнер на 90 милиони евра платениот Хари Мегваер.
Се пишуваше за Калид Кулибали, но Сенегалецот е прескап. Де Лаурентис нема да прифати понуда помала од 100 милиони евра за неговите услуги. Управата на клубот од „Олд Трафорд“ нема намера ова лето повторно да руши рекорд за дефанзивец, па решение пронашле во Монако.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува францускиот „РМЦ Спорт“ нова желба на Манчестер Јунајтед е стоперот на Монако Бено Банџијаши.
Овој 19 годишен фудбалер стана стандарден во првиот тим на тимот од „Луј втори“ и така го сврте вниманието на бројни клубови, а сега би можел да се пресели на „Олд Трафорд“.
Банџијаши од летото 2018 година е во првиот тим на Монако и во сезоната која во Франција заврши запиша 16 настапи во Лига 1.
Ги помина сите младински категории на Франција и неговата вредност на пазарот се проценува на 18 милиони евра.