Дома Македонски спорт Maкедонец постигна 13 гола на еден натпревар во Германија и тоа не му е рекорд

Maкедонец постигна 13 гола на еден натпревар во Германија и тоа не му е рекорд

Александар Стоилов, 21-годишниот фудбалер кој настапува во Германија за тимот на Македонија Штутгарт дојде до реномираниот „Кикер“.

Стоилов настапува за тимот на Македонија Штутгарт и на последниот натпревар постигна дури 13 гола во победата на неговиот тим од 17:0 против Шлуслихт Германија Дегеррлохт. Тој можел да постигне и повеќе гола затоа што 10 постигнал за едно полувреме.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Тренерот Живко КОлев сакаше да ме замени уште на полувреме. Ми зборуваше – доста ти се 10 гола. Сепак, јас сакав да продолжам, во второто полувреме ме чуваа двајца-тројца противнички играчи и ме спречија да постигнам повеќе голови“. Изјави Стоилов.

Интересно е што ова не е негов рекорд затоа што против Туркспор кога победиле 21:6 постигнал 15 гола. Неговата цел е да стигне до 100 гола во една сезона.

Тимот Македонија Штутгарт е составен од играчи со македонски корени, а заедно со Стоилов настапуваат негови тројца братучеди, додека вујко му е помошник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…