Дома Фудбал Мато не му се јавувал на Вардар затоа што – немал интернет!

Мато не му се јавувал на Вардар затоа што – немал интернет!

Роџерс Мато ја одбележа зимската пауза со трансфер полн со превирања, откако од редовите на Вардар се пресели во шкотскиот Хартс. Репрезентативецот на Уганда во Единбург пристигна како платена позајмица, а според договорот што го потпиша, од лето ќе стане и целосен член на шкотскиот клуб.

22-годишниот фудбалер внесе вистинска доза на драма откако не се појави на зимските подготовки на Вардар во Анталија, и покрај тоа што од клубот му беа обезбедени авионски билети. По настапите на Африканскиот куп на нации, Мато замина на одмор во Уганда, а токму тој период се покажа како клучен во целата сага околу неговото заминување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По комплетирањето на трансферот и дебито во дресот на Хартс, Мато се осврна на ситуацијата поради која подолг период беше недостапен за македонскиот клуб. Објаснувањето што го понуди предизвика реакции, со оглед на современите комуникациски можности.

„Во Уганда се одржуваа избори и интернетот беше целосно исклучен. Немав начин да стапам во контакт ниту со агентот, ниту со тренерот, ниту со луѓето од Вардар. Оттаму произлегоа сите недоразбирања“, изјави Мато.

На крајот, епилогот беше поволен за сите инволвирани страни – Вардар доби финансиска отштета, додека Хартс го доби посакуваното засилување уште во јануари и ќе може да смета на Мато во продолжението од сезоната и битката за врвот во шкотскиот шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Барселона можеше да направи глупост: Против Албасете беше видена сцена како од легендарен филм! (Видео)

Фудбалерите на Барселона се пласираа во полуфиналето на Купот на кралот откако во вторник …