Дома Фудбал Матета испрати прва порака по страшниот удар кој го доби од голманот на Милвол (Видео)

Матета испрати прва порака по страшниот удар кој го доби од голманот на Милвол (Видео)

Напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, кажа дека се чувствува добро откако голманот на Милвол, Лајам Робертс, брутално влезе на него во натпревар од ФА Купот.

Французинот останал на земја, нокаутиран и речиси без свест. Итно му е пружена помош и завршил во блиската болница каде што раната му е санирана со дури 25 конци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За среќа, неговите зборови ги успокоија навивачите на Палас и сите други кои се грижеа за неговото здравје.

„Подобро сум. Се надевам дека брзо ќе се вратам посилен од кога било. Браво момци на работата што ја завршивте денес“, успеа да им честита на соиграчите за победата од 3:0 и за пласманот во 1/4 финале на ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…