“Гардијан” соопштува дека Хулен Лопетеги може да добие отказ по итна постапка, бидејќи Вест Хем не игра најдобро во овој момент.
По натпреварот против Арсенал, “чеканите” беа поразени и од Лестер и јасно е дека екипата не изгледа добро и веќе се шпекулира за потенцијалните наследници.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двајца кандидати се во овој момент.
Првиот е Масимилијано Алегри, поранешниот тренер на Јувентус кој сега е се поврзува со речиси секој сериозен тим кој е во серија на слаби резултати, додека вториот е екс-тренерот на Порто Сержо Консесаио.
Алегри зад себе има шест титули шампион на Италија и пет купови, но во последните неколку сезони нема големи успеси и многу експерти сметаат дека не е најдоброто решение за клупата на “чеканите”.
Од друга страна, Консесаио има големи успеси со Порто, три титули и два четвртфиналиња во Лигата на шампионите.