Дома Фудбал Марка тврди, ќе се напише историја: Шпанците ќе имаат 6 тима во Лигата на шампионите

Марка тврди, ќе се напише историја: Шпанците ќе имаат 6 тима во Лигата на шампионите

Следната сезона Шпанија ќе има пет учесници во фудбалската Лига на шампионите, со можност да добие и шести претставник во елитното натпреварување, објави мадридскиот спортски дневник “Марка”.

Како што пишува “Марка”, Шпанија обезбеди петто место во Лигата на шампионите по елиминацијата на Лацио од четвртфиналето на Лига Европа.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


– Ла Лига повеќепати имала пет клуба во Лигата на шампионите, но сè уште е можно да се постигне нешто што никогаш порано не се случило, да има шест. Атлетик Билбао треба да ја освои Лига Европа, а истовремено да биде под четвртото место во Ла Лига. На овој начин, Атлетик ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите како победник на второто европско натпреварување, а ќе се квалификуваат и четирите најдобри тима од Ла Лига, како и петтопласираниот (или шести, ако Атлетик Билбао се најде на петтото место). Ако Атлетик заврши на четвртото место, само петтото место ќе се квалификува како дополнително место во Лигата на шампионите и Шпанија ќе ја изгуби опцијата за шесто место – истакнува текстот на “Марка”.

Двете дополнителни места во Лигата на шампионите ги добиваат двете држави со најдобар коефициент на ранг листата на УЕФА.

Оваа сезона тие две места им припаднаа на Шпанија и Англија, кои исто така теоретски можат да дојдат до шесто место, доколку Тотенхем или Манчестер Јунајтед ја освојат Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансферот на Субименди во Арсенал под прашање

Играчот на Реал Сосиедад Мартин Субименди навестува дека уште не е јасно каде ќе игра след…