Дома Фудбал Марка: Причините за разделбата со Чаби Алонсо не се само спортски

Марка: Причините за разделбата со Чаби Алонсо не се само спортски

Патиштата на Реал Мадрид и Чаби Алонсо се разделија само седум месеци по почетокот на нивната соработка, која започна во јуни на Светското клупско првенство.

Крајот на овој краток период беше означен со поразот на „белите“ од Барселона за Суперкупот на Шпанија во неделата. Меѓу овие два настани се развиваше првично возбудлив проект кој постепено изгуби инерција и доверба, достигнувајќи критична точка во Џеда. Многумина мислеа дека избегнувањето на тежок пораз од Барселона ќе го продолжи кредитот на доверба кон тренерот, но во Реал Мадрид нема нешто такво како „почесен пораз“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Разделбата со Чаби Алонсо има и спортски и несврзани причини, каде под второто може да се подразбира управувањето со соблекувалната од страна на баскискиот стручњак, тврди весникот “Марка”. Се разбира, резултатите се водечки. Светското клупско првенство не беше освоено, иако имаше добро претставување, по понижувачкиот неуспех во полуфиналето против ПСЖ. И покрај тоа, проектот изгледаше стабилен, бидејќи во играта на тимот веќе се забележуваше потписот на новиот тренер. Ова важеше особено за високата преса – елемент што мистериозно исчезна по поразот со 2:5 на „Метрополитано“. Тоа беше првиот пораз во една сезона, која започна да зема опасна, а во крајна сметка и фатална насока. Од “Марка” велат уште дека авторитетот на Алонсо беше сериозно засегнат од јавниот конфликт со Винисиус по замената на бразилецот за време на “Ел Класико”.

Ветувањето на тренерот за „рокенрол“ не се оствари на теренот. Тимот речиси секогаш изгледаше лишен од енергија и сила, а физичката подготовка беше поставена под сериозно сомнение. Продолжија истите проблеми против ниско поставени одбранбени блокови, кои постоеја и под раководството на Анчелоти. Од славната преса, што требаше да биде заштитен знак на тимот, се забележуваа само поединечни блесоци во неколку натпревари, како на пример оној против Барселона за првенство на „Бернабеу“. Ова беше само оаза во пустината за еден тим што не ја изразуваше ветената енергија и со напредокот на сезоната сè повеќе наликуваше на Реал од сезоната 24-25 под раководството на Анчелоти.

Сепак, не може сè да му се препише како вина на тренерот. Чаби побара плејмејкер, но клубот не му го овозможи. Беа инвестирани 60 милиони евра во Мастантуоно – речиси истата сума за која Субименди премина во Арсенал. Заминувањето на Модрич, што беше одлука на клубот против волјата на тренерот и желбата на самиот играч – легенда на Реал Мадрид, ја остави средната линија на тимот без креативност. Играчите како Чуамени, Камавинга или Феде Валверде поседуваат многу квалитети, но меѓу нив не се вештините да диктираат темпо на игра или да ги изградат нападите со фино чувство. Единствено Белингам го поседува ова својство, но тој играше на толку многу различни позиции што изгледа неспособен да процени каков пристап да применува на секоја од нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …