Дома Фудбал Марио Илиевски од бугарска ЦСКА се пресели во Приштина

Марио Илиевски од бугарска ЦСКА се пресели во Приштина

Македонскиот фудбалски интернационалец Марио Илиевски ја заврши својата епизода во бугарскиот ЦСКА и кариерата ќе ја продолжи во косовската елита, носејќи го дресот на екипата на Приштина.

Фудбалскиот клуб Приштина официјално потврди дека 23-годишниот напаѓач е нивно ново засилување, посочувајќи дека се работи за играч кој треба значително да придонесе кон исполнување на амбициозните цели на тимот. И покрај тоа што трансферот е комплетиран, од клубот не откриваат детали за должината на договорот или финансиските услови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По потпишувањето, Илиевски изрази задоволство од новата средина и оптимизам за настапите во дресот на Приштина.

„Многу сум среќен што дојдов во клуб како Приштина. Се работи за тим со традиција и високи цели, и горд сум што ќе бидам дел од тоа. Ќе дадам сè од себе на секој натпревар за да ја оправдам довербата“, изјави македонскиот фудбалер.

Фото: FC Prishtina

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри откри дали е подготвен да го напушти Милан за да ја преземе Италија

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, увери дека неговата цел е да го води тимот во Лига…